Кој и како ги чисти досието и патот до Вила Водно за најмоќниот македонски политичар

Дали екс шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска која е под суспензија и се соочува со кривична пријава е алатката преку која најмоќниот човек во македонската политика ќе се исчисти од предметите за кои е истражуван од обвинителството?



За да може да биде кандидиран за претседател на Македонија од СДСМ и ДУИ.

Русковска отворено се сомнева дека е суспендирана поради неколку предмети кои ги отворило обвинителството за организиран криминал и корупција додека таа беше шефица.

Меѓу нив има и предмети за Оливер Спасовски, кој по седум години во моќната министерска фотелја во МВР не ја отфрла амбицијата да стане шеф на државата.

Русковска предходно ги посочи обвинението против Драги Рашковски, но и истрагата за техничата станица во која бил регистриран автобусот на „Беса Транс“ кој се запали во Бугарија и загинаа 45 македонски граѓани.

Дел од оваа истрага е Оливер Спасовски.

„Пријавата се однесуваше на тоа дека на 12,13 јули 2021 година извршена е контрола на станицата. Констатирале неправилности и изготвиле решение за затворање на станицата, а решението е потпишано три дена после несреќата. Решението требало да го потпише министерот за полиција“, рече во „Разговор во редакција“ Вилма Русковска кога објаснуваше зошто смета дека е тргната од позицијата.

Зошто Спасовски не го потпишувал решението за затворање јавноста се уште нема одговор но има индиции дека сега овој предмет е предмет на ,,кремирање” од страна на државниот обвинител Љубомир Јовески.

Во случајов шефот на Јавното обвинителство за организиран криминал Ислам Абази е активен потчинет и помагател на Јовески кој треба да го исчисти името на Спасовски однострагата по што тој би станал кандидат за претседател и вечен должник на ДУИ од каде треба да го поддржат како кандидат за шеф на државата.

Планот за отворање на патот на Спасовски до кандидатурата е отворен во моментот кога на 30.03.2022 – дисциплинската комисија на ЈО која е под апсолутна контрола на Јовески побара разрешување на Русковска за повреда на Законот при претресот во Финансиска полиција.

Дел од овој план е Јовески да стане уставен судија, ДУИ да биде ослободена од неколку случаи во кои ЈО гонат високи функционери на Ахмети а Спасовски да добие кандидатура за претседател.

Извори во ЈО тврдат дека целта на Љубомир Јовески преку разрешувањето на Вилма Русковска и отворање на кривичен процес против неа за злоупотреба на службена положба при собирање на докази е да докаже дека во процесот на собирање на докази со ПИМ не е почитуван Законот за кривична постапка.

Неговата намера е да ја “компромитира доказната постапка на јавниот обвинител” во двата случаи кои се се уште во предистрага против Оливер Спасовски и полициски функционери за да нема покренување на решение за истрага и обвинителен акт против него и нив.

Со тоа моќниот кумановец кој е близок и со таткото на премиерот Ковачевски ќе може да биде кандидат на СДСМ и ДУИ за претседател.

Според анкетите шансите на Спасовски кој се смета за најмоќен македонски политичар да стане претседател се речиси никакви но неговите ресурси како долгогодишен шеф на МВР а во еден период и технички премиер се огромни и тој би можел да влезе во вториот круг на претседателските избори.