На социјалните мрежи се поведе дебата околу означувањето на премиерот Заев на скандалозната Собраниска седница на која требаше да се гласа за доверба на владата која ја бијкотираше власта.
На ознаката пред премиерот обиколен од министри пишува дека таму седи Н.Е. Зоран Заев.
Кратенката Н.Е. со која што е означен премиерот а која означува Неговата екселенцијс е надвор од сите протоколи за титулирање на домашен политичар, тврдат познавачи на протокол кои инсистираат на анонимност.
Ознаката екселенција се користи само за странски личности од политика, дипломатија или религија а не и за домашни политичари кои се гости на домашна институција.
Во официјалниот македонски дигитален речник стои дека оваа фраза се користи само во дипломатија.
За многумина означувањето на Заев со зборот екселенција што означува едно ниво над возвишеност и светост е во најмала рака контроверзно.
множина екселенции
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 31845
Превозвишеност, пресветлост; титулирање, обраќање кон висок дипломатски, државен или црковен претставник.
Англиски: Excellency
Употреба: Дипломатија

Најчитана вест
Сведоштво за историската вистина и разбивање на лагите на пропагандните кујни






