Кој го замолкна функционерот на ДУИ, Адем Беља?

Иако вчера најави информации за криминал економскиот менаџер на Клиниката за гинекологија Ваљон Беља денеска не е достапен за јавноста.



Го нема да ги поткрепи обвинувањата против медицинската директорка Викторија Јовановска за криминал и фаворизирање на една компанија за лабораториски реагенси.

Беља кој е влијателен член на огранокот на ДУИ во Чаир вчера беше разрешен од министерот Филипче.

За неговите обвинувања ќе реагира и обвинителатвото.

“Пријавата е распоредена кај надлежен јавен обвинител. По прибирање на сите материјални и вербални докази, по нивно разгледување и анализа, ќе биде донесена јавно обвинителска одлука за натамошно постапување”, велат во ЈОРМ.

По обвинувањата преку медиумите вчера министерот за здравство експресно го разреши организацискиот директор на ГАК Вајлон Беља. Тој претходно се закани дека ќе објавува уште скандалозни тендери на Клиниката, но денеска не беше достапен за медиумите.

Неговата колешка  Викторија Јовановска ги негираше обвинувањата и тврдеше дека со ова економскиот менаџер ја уценувал зошто не сакала да го продолжи договорот на двајца негови хонорарни соработници.