Обвинители на Специјалното јавно обвинителство на професорот Гордан Калајџиев му кажале дека писмото на Катица Јанева за предавање на предметите на СЈО на ЈО било пишувано на компјутер и на рака.
“Кој тоа ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер, на кое таа со рака нешто допишала? За овој скандал треба да се формира собраниска комисија која ова треба да го испита”, изјави во Топ Тем на ТВ Телма Гордан Калајџиев, професор по кривично право.
„Кој ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер? Кој влегол и ја посетил Јанева? Тоа се знае. Се снима. Директорот на затворот во Шутка Есад Рахиќ треба да одговори на некои прашања. Треба да се формира собраниска комисија. Кој тоа може да има компјутер во затвор? Тука нешто смрди“, изјави професорот Калајџиев.
Предходно државниот јавен обвинител Љубомир Јовески одлучи по барањето на Јанева од Шутка сите предмети од Специјалното јавно обвинителство кои се во судска, истражна и предистражна постапка одат во рацете на Јавното обвинителство на Македонија.
Катица Јанева во притвор не смее да биде во контакт со компјутери и друг вид на технички помагала и апарати за комуникација.
Катица му испратила на републичкиот обвинител пола писмо напишано на рака а пола напишано на компјутер, а во Шутка НЕМА компјутер.
Кој и го дал тој текст напишан ? Како стигнал во ОЈО ?
Кој влегол и излегол во Шутка ?
Одговорност за Јовевски и за директорот Есад Рахиќ! pic.twitter.com/Nch8RKDv5q— Мартиан (@MartianfromMKD) September 10, 2019





