Пред Основното јавно обвинителство Скопје, каде Јавниот обвинител Гаврил Бубевски е „шеф“ и одговорен за законито работење на неговите обвинители, се води предмет кој е надвор од неговата надлежност и овластување!
Во конкретниот случај Основното јавно обвинителство Скопје како ненадлежен орган на прогон ја поведува и води постапка против осомниченото физичко и правно лице, му ги блокира сметките и имотот повеќе од три месеци и со овие дејствија го спречува неговото редовно работење.
Имено се работи за предмет инициран од Управата за финансиска полиција при Министерство за финансии на Македонија поради постоење на основи на сомневање дека е сторено кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од чл. 275 –в ст. 3 в.в со ст. 1 со чл. 45 од Кривичниот законик.
Но согласно чл. 32 од Законот за јавното обвинителство, во кој член се утврдени надлежностите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е надлежно да постапува во прв степен: за кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ од членот 215 став (3) кога се работи за меѓународна организирана група, „Измама на штета на средства на Европската заедница“ од членот 249-а, „Перење пари и други приноси од казниво дело“ од членот 273, „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од членот 353 став (5), „Примање поткуп“ од членот 357 став (5), „Давање награда за противзаконито влијание“ од членот 358-а, „Примање награда за противзаконито влијание“ од членот 359, „Противправно стекнување и прикривање имот“ од членот 359-а, „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ од членот 275-в, „Злосторничко здружување“ од членот 394 од Кривичниот законик.
Со тоа, надлежно Обвинителство за конкретната Кривична пријава е Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, а не Основното јавно обвинителство Скопје или било кое друго обвинителство во Македонија!
Сеуште не е јасно зошто и како обвинител кој е под надлежност и супервизија на „шефот“ на Основното јавно обвинителство Скопје г-дин Гаврил Бубевски неовластено ја повел истрга во овој случај, иако бил должен да се огласи за ненадлежен, да го информира г-дин Гаврил Бубевски и да го достави предметот до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје.
Дали мотивот во овој случај бил да се нанесе штета на осомничените, да им се превеземе или уништи имотот на незаконит начин со тоа што спрема осомничените се изречени 8 (осум) привремени мерки со кои се блокира имотот и сметките, а 500 вработени се оставени без плата неколку месеци ?!
Му подметнува ли некој кукавичко јајце на шефот на Основното јавно обвинителство Скопје г-дин Гаврил Бубевски сакајќи да го компромитира, со тоа што работи предмет надвор од неговите овластувања?!
За ваквото незаконити дејствија осомничените побараа одговор од Јавниот обвинител на Македонија, Јавниот обвинител за организиран криминал, Советот на Јавни обвинители и г-дин Гаврил Бубевски !!!
ПС. Аргус е митолошко суштество со сто очи кое гледа се и насекаде!
Продолжува
Поврзана вест
Македонска правосудна мафија жива фатена како го крши законот






