Кој ги украде бистите на Вапцаров, Николов и Неделковски од Градски парк?!

Осквернавени, откорнати и украдени три бисти на народни херои во градскиот парк. Станува збор за бистата на Орце Николов, Никола Вапцаров и на Коле Неделковски. Сите тројца се убиени од бугарски фашисти. Кој, зошто и кога ги украл – одговор од надлежните нема. Граѓаните се револтирани зашто луѓето, поготово младите, се занимаваат со уништување на нешто што е направено. Велат, дека мора да има одговорност, но дека вистината ќе излезе на виделина, велат тешко во нашава земја.



Споменичните обележја се во надлежност на Град Скопје, имено како и Градскиот парк, каде нема никакви содржини, ниту е уреден просторот околу бистите. На терен сликата е тажна, останати се само постаментите од бистите, кои ја нагрдуваат сликата во паркот.

Уништувањето на бистите е вандалски чин, реагиаат граѓаните. Велат дека надлежните мора да покжат сериозност и вистината да исплива на виделина.

Колку за илустрација, бистата на Орце Николов се наоѓа на 100 метри од канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска, па останува нејасно зошто се случува ова дивјаштво и примитивизам од најдолен вид, со непознати мотиви.

И додека Град Скопје нема никаква инаформација околу овој вандалски чин, одгоор нема ниту од МВР, освен штуро соопштение со неколку зборови.

На 02.10.2022 во 09.52 часот во СВР Скопје било пријавено во Градски парк во Скопје биле оштетени спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров, а биле одземени и бистите од спомениците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Јавноста и натаму е во прашалници како е можно сред бел ден да се откорнат бисти, иако за тоа е потребно масивен алат, сила, но и повеќе луѓе. Зошто во паркот нема чувари кои би се грижеле за македонската историја од уништување, ретуширање, бришење, одговор ниту за ова нема. До обновување на обележјата во првобитна состојба, Градскиот парк ќе зрачи со ваква неблагодарна слика.