Кој ги отру трите коњи од скопската Зоолошка градина?!

Храна со поминат рок најверојатно е причината поради смрттна на монголските коњи во скопската зоолошка градина. Според познавачите на состојбите, сомнежот за труење сега треба да го потврдат наодите од обдукцијата. Дел од вработените во Зоолошката за „Експрес“ велат дека сè се случило премногу брзо, во околината немало никаква друга храна, а коњите не давале никакви знаци на болест. Зоо активистот Стефан Киров за Алфа вели дека ако менаџментот не покаже поголема сериозност, можно е да угинат и други животни.



Угинувањето на коњите беше пријавено и во полиција од страна на вработените, под сомнеж дека станува збор за труење од надворешно лице. Станува збор за три коњи донација од австриски национален парк, со потекло од Монголија. Од раководството на Зоолошката не беа достапни за коментар.

Познавачите на состојбите алармираат дека на Скопската зоолошка под итно и треба ветеринар, кој ќе се грижи за животните, а не по потреба да се бараат надворешни соработници кои не мо

Неодамна, и главната атракција на Зоолошката, жирафата Каспер, угина од инфекција „салмонела“. Според патохистолошката анализа од Факултетот за ветеринарна медицина, констатирано е дека оваа инфекција била пронајдена во желудникот на жирафата.

Инаку, пред еден месец скопската Зоолошка градина го изгуби кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА). Кандидатскиот статус на кој се работеше 10 години е изгубен поради неисполнување на обврските зададени од ЕАЗА, а една од причините е крвничко колење на десетина коњи и мазги кои преку ноќ беа донесени во скопската зоолошка.