Директорот на статистика и неговиот заменик имаат различно мислење за попишување на дијаспората и нивните верски чувства. Едниот вели ќе се диктираат од страна на роднините, другиот вели тоа не е можно, посочуваат од ВМРО-ДПМЕ од каде велат дека власта дезориентирана, Заев не може да го усогласи директорот со заменик директорот на Статистика, а не пак да го попише населението.
Од опозициската партија прашуваат доколку институцијата која треба да го спроведе пописот, на само два месеци пред истиот не може да зазема конечен став во однос на истиот, тогаш како да очекуваме сериозност и професионалност?!
Како очекува Заев граѓаните да веруваат во пописот, кога институциите со кои управуваат негови кадри не се усогласени?!ОД ВМРО-ДПМНЕ одново потсетуваат дека сите држави во опкружувањето и светот кои имаа планирано пописи ги одложија за 2022 година, само Заев го турка на сила во пролет, без разлика на пандемијата во која се наоѓаме.






