Кој е тој меѓународен фактор кој бара Алијанса да влезе во Влада?

Јавно прашуваме Таравари да каже кој е тој меѓународен фактор што бара Алијанса да влезе во Владата“, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање каде се бара коментар од ВМРО-ДПМНЕ за изјавата на Таравари каде што вели дека меѓународен фактор барал тој да влезе во Владата.



Стоилковски додаде дека Таравари треба јасно и гласно да одговори на јавноста кој е тој меѓународен фактор што бара Алијанса да влезе во Влада. А, доколку не каже Таравари тоа значи дека има друга причина зошто сака да влезе во Владата.

„Доколку Таравари премолчи и не каже значи дека Таравари не е искрен и има друга причина зошто сака да влезе во Владата“, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Постои можност Алијанса за Албанците да стане дел од Владата, а ако тоа не се случи треба да се оди на избори, изјави лидерот на партијата Арбен Таравар во гостувањете во магазинот „Клик плус“ на ТВ21.

Таравари остава простор за две опции, едната како што вели, по сугестија на меѓународниот фактор дека не е време за избори и дека за прогресот на државата важни се уставните измени, и доколку тоа го бара членството на АА тогаш веројатно ќе станат дел од Владата.