Кој е ,,среќникот” – Мистериозна порака на Ина Многуфина

Кој е мажот или жената на кого се однесува мистериозната порака од инфлуенсерката Има Многуфина која денеска објави дека некоја личност ја вознемирувала со помош на пораки.



,,Две работи да запамтиш: никад да не тргнеш мене да ми се ку*чиш у пораки и никад да не фатиш да пееш после Калиопи”, напиша Ина Многуфина на Фејсбук без да објави на кого се однесува објавата.

Инфлуенсерката чие име и појава ги познаваат малку луѓе е маркетинг експерт, позната е и како активистка за правата на жените и како помагател во многу хуманитарни активности. Важи за една од највлијателните личности на македонските социјални мрежи кој се бори против општествени аномалии насочени против малиот и немоќен човек.

Нејзина фотографија речиси и да не може да се најде на интернет.