Македонија вчера повторно ја расплака Италија која е трикратен светски шампион но светската спортска јавност повеќе се смее на теренот на кој се играше мечот отколку на резултатот 1:1 кој е огромно изненадување.
Темата за која Македонија е ставена за потсмев меѓу фудбалските фанови е катастрофалниот тревник на Градскиот стадион или по ново Арената „Тоше Проески“.
Овој стадион на кој пред некоја година се играше финалето на Европскиот куп и беше од гордост на Македонија сега стана ругло и главна вест во Италија откако тамошните медиуми ја снимија тревата на стадионот која личи на нива.
Човекот кој и го приреди резилот на Македонија е директорот на јавното претпријатие АД за иградба и стопанискување со станбен и деловен простор од значење на републиката-Скопје.
Ова претпијатије е под директна надлежност на Владата. На прв јули 2022 година за Генерален директор беше избран Зоран Георгиев од Битола од НСДСП, откако претходно Владата го именуваше за извршен член на Бордот на директори на акционерското друштво.
НСДП на својата интернет страница си се пофалила дека Георгиев е избран за директор но сега не бара одговорност од својот директор под чии ингеренции стадионот стана ливада на која не можат да пасат ниту говеда.






