Кој е овде луд – Фашизмот пуштен на најсилно

Актерот Сашо Тасевски кој иако беше нивни поддржувач а сега е еден од најсилните критичари на владеачките функционери, смета дека Бугарија спроведува фашизам кон Македонија .



Фашизам на најјако, ова е бришење на се македонско со гумичка од пет денари! Пишува Тасевски на неговиот Фејсбук статус кој ви го пренесуваме во целост:

Фашизам на најјако!

Еве го во целост бугарскиот референдум пратен во ЕУ. Е сега, замислете, таа ЕУ бара да се договориме со Бугарија. Ова во посраниов меморандум да го договориме? Да се потпишеме под нивните лаги и клевети?

Очигледно Бугарија како и Грција, членството во ЕУ го злоупотребува за решавање на македонското прашање во своја корист. Овој меморандум е бришење на се македонско со гумичка од пет денари. И вие СДС(М), ова го преговарате со Бугарите?

Професорке Колозова читни го меморандумот. Може ќе се предомислиш за тоа кој е луд. Ние или Бугарите. Како мислиш после ова било кој Македонец да остане мирен. Па после зошто сме реагирале и на пеачи што ни парадираат пред очи со бугарски симболи, додека трошат наши пари? Дали според тебе ваков меморандум и личи на земја членка на ЕУ?
Шерувајте го, да прочитаат сите за што преговараат велепредавнициве наши, напиша на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.