Кој е овде фашист а кој пак би ги истребил македонските Евреи (ФОТО)

Профилот кој се појавува подолго време на социјалните мрежи и кој упорно шири бугарска пропаганда во македонската социјална сфера (види фото подолу) е Бугарин или граѓанин на Бугарија кого го споделуваат и профили кои се блиски на најмалку две политички партии во соседната држава.



Навидум обичен опскурен лик задоен со омраза кон Македонија но сепак не е баш така. Зад овој и други слични профили стојат сериозни организации.

Тоа што досега тој и тие што го споделуваат не се блокирани од Фејсбук на барање на бугарските власти доволно зборува за нивната цел и позадина.

Според законот на најголем дел од ЕУ членките овој човек би бил веднаш најден и би завршил в затвор. Но Бугарија не го гони ниту го бара иако тој се залага за нов холокауст.

Денививе овој профил налета на македонскиот активист Гоце Панговски. Во битката на интернет тој јавно најавува истребување на преостанатите Евреи во Македонија ако има потреба од тоа. Дополнително вели дека ако во 1941 година на бугарските власти им ги побарале и Ромите и тие ќе завршеле во Треблинка.

“Нели јас, колегите, сме ненормални и измислуваме фашисти. Во услови кога Каракачанов отворено предлага финално решение на ромското прашање (види линк долу), си има и свој институт за национализам и ребугаризација МНИ, дали нашите крици се толку неосновани и од инает?
Ова подолу е прилог како размислува еден човек кој според ставовите ќе да е редовен посетител на лекториите на МНИ и гласач на Каракачанов. Поинаку кажано фашизмот е денес актуелна политика, изјавите на Красимир, Марешки, Захариева, Радев, се само показ на тоа како изгледа фашизмот замаскиран со европски вредности. Бугарија има закон за осуда на комунизмот но не ми е познато дека има закон за осуда на фашизмот. Ако го има првото а го нема второто, но и по сите изјави кои ги слушнавме, тогаш бугарскиот фашизам е жив, се чека само денот кога ќе лее потоци крв!”, пишува историчарот Васко Гичевски кој е дел од битката што на социјалните мрежи ја видат десетици македонски интелектуалци како Гоце Панговски.

Соговорникот на Панговски, погоре споменатиот профил на Фејсбук 7 децении откако Бугарија ги испрати во масакр речиси сите македонските Евреи вели дека ако цената Бугарија да ја владее Македонија е таа Евреите повторно ќе бидат жртвувани.

Линк до анализата на европски институции на демек научната теза на партијата на Каракачанов.

http://www.errc.org/news/democracy-under-siege-bulgarias-parliament-to-vote-on-fascist-anti-roma-strategy