Република Горна Македонија/Republic of Upper Macedonia, a јазикот македонски/ Macedonian според уставот на Република Горна Македонија/ of the Republic of Upper Macedonia, со дообјаснување дека македонскиот јазик припаѓа на групата словенски јазици.
Ова е предлогот кој за меѓународната заедница би претставувал компромис меѓу основните, радикално спротивни позиции на Скопје и Атина во деценискиот спор за името, објави ТВ Алфа.
Решението за јазикот е според бугарската формула употребена за првпат во 1999 година во Декларацијата за пријателство со Македонија.
Според истиот предлог за државниот код во меѓународна употреба, кратенка која ќе се употребува и како интернет домеин би била РГМ од Република Горна Македонија или пак RUM од Republic of Upper Macedonia.
Па така, во иднина наместо .mk сите македонски сајтови ќе завршуваат со rgm или rum.
На пример Alfa.rgm или Alfa.rum. Според информациите на Алфа за националноста/државјанството најсериозна опција е граѓани на Република Горна Мaкедонија, oдносно на Republic of Upper Macedonia, иако Грција се уште ја преиспитува својата позиција за ова прашање.
Што се однесува до најгорливиот проблем – Уставот, предлогот е тој да биде променет во периодот додека трае ратификацијата во националните парламенти на членките на НАТО по приемот на нашата земја во Северноатлантската алијанса.
Оваа варијанта за решение е опасна за Mакедонија затоа што не може да се претпостави што уште ќе се бара додека грчкиот парламент дозволи влез во НАТО и почеток на преговори за ЕУ. Доколку Атина инсистира на Горномакедонци и горномакедонски во промените на уставот, тогаш автоматски ќе мора да прифатиме промена на идентитетот. Грчката страна, како што е познато инсистира и на промена на членот 49 од Уставот кој се однесува на грижата на државата за македонското малцинство во соседните земји.





