Кој е македонскиот пратеник чиј пулен може да ни донесе злато на олимпијадата?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски од општина Бутел односно од втората изборна единица е тренер на македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски кој денеска се пласираше во финалето од ова натпреварување на Олимписките игри.



Костовски и самиот е таеквондост а подолго време е во тимот на најмалку сребрениот олимпиец.

Чуленот на Костовски, Дејан на Македонија сигурно ќе и донесе медал, а финалната борба против Русинот Владислав Ларин ќе одлучи со какво одличје ќе се врати Георгиевски дома.

По пласманот во финалето, преку социјалните мрежи се огласи Дарко Костовски, кој е дел од олимписката делегација.

-Господе волјата е твоја. ДЕНЕСКА ТАЈФУН ВО ТОКИО, ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ОД МАКЕДОНИЈА. СТАНИ МАКЕДОНИЈО, ДИГНИ ГЛАВА ВИСОКО. МАКЕДОНИЈА ИМА ЛАВ, ЈУНАК, СПОРТСКА ИКОНА ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ. За прв пат во независна Македонија одиме во финале на олимписки игри, во полуфинале го победивме Ин Кјо Дон од Кореја, од земјата лулка на овој олимписки спорт. Во финале не чека актуелниот светски шампион во категорија -87кг (за да е на јавноста појасно на олимписки игри во таеквондо се фузираат две категории -87 и +87 значи дупла конкуренција) светски шампион Владислав Ларин од Русија, македонско време 14:30 часот. За сега го имаме најголемиот спортски резултат во независна Македонија, но тука дојдовме по злато, напиша Костовски на Фејсбук.

Во полуфиналето Георгиевски го совлада Кореецот Ин кој го носи прекарот „магионичарот“. Магијата на Ин, кој бележи 100 борби и 82 победи на нив, не беше доволна да го запре нашиот Дејан на Македонија да и донесе олимпски медал.

Утринава, патот кон олимпискиот медал, Дејан го започна со победата на актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба, а следуваше и победата над Саиду Гбане од Брегот на Слоновата коска. Финалето е закажано во 2:45 часот.