На крајот на јуни годинава, бруто надворешниот долг изнесува 11,397 милијарди евра (или 80,3% од проектираниот БДП) и бележи квартално зголемување од 3,1%. Во истиот период бруто надворешните побарувања изнесуваат 7,07 милијарди евра, соопшти Народната банка. Според банката, поголемото квартално зголемување на обврските во однос на побарувањата доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 121 милион евра, така што на крајот на јуни 2023 година тој изнесува 4,324 милијарди евра.

Доколку од долгот се исклучи ефектот од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка , бруто-долгот бележи квартално зглемување од 195 милиони евра. Од банката велат дека оваа квартална промена на надворешниот долг е резултат на зголемениот приватен и јавен долг.
Во вториот квартал прриватниот долг е зголемен а за 187 милиони евра, а јавен долг за 8 милиони евра. Растот на приватниот долг се должи на зголемениот долг на капитално поврзаните субјекти (за 108 милиони, евра), приватните банки (за 41 милион евра) и на небанкарскиот приватен сектор (за 37 милиони евра).
Кварталното зголемување на јавниот надворешен долг од 8 милиони евра е резултат на зголемувањето на долгот на секторот „држава“ и на јавните банки и јавните претпријатија за по 6 милиони евра, при намалување на долгот кај централната банка за 4 милиони евра.





