Кој е главен во владата: СДСМ, ДУИ, АА или ЛДП (ТВИТЕР АНКЕТА)

Иако нема научна или истражувачка вредност затоа што се прави на социјалната мрежа Твитер анкетата на тема кој е главен во владата укажува на расположението на дел од јавноста за состојбите на Илинденска.



Малиот број на одговори засега не е доволен за сериозна анализа но сепак огромниот процент на гласови дадени за опцијата во која ДУИ е апсолутен господар на владата укажува на сериозни аномалии.

Анкетата на сметката која има за цел да пренесува резултати од професионални анкети и да врши аматерски мерења преку поставување на прашања покажува дека Али Ахмети и Артан Груби се перцепирани како господари на државните институции на Македонија.