Кој е домакинот на „Отворен Балкан“ во Охрид?

Групната фотографија што ја направија преставниците од „Отворен Балкан“ по себе наметна прашање дали во прашање е уште едена „протоколарна грешка“.



На средбата освен претставници на домакинот Македонија, како и актуелните членки Србија и Албанија, гости се и преставници од Црна Гора и БиХ.

Но на фотографијата на која според протоколот македонскиот премиер треба да биде во средина, бидејќи е домаќин, на централно место се наоѓа Еди Рама, а Димитар Ковачевски е на крај, место предвидено за гостите.

Па оттука се поставува прашањето кој е домаќин на самитот на „Отворен Балкан“ кој се оддржува во Охрид, прашува порталот „Курир“