Кој е директор на ПИОМ, Јовановска или сопругот кој не работи таму (ВИДЕО)

Новинарот на ТВ Клан Фуркан Салиу бара премиерот Заев да ја разреши директорката на ПИОМ Билјана Јовановска затоа што нејзиниот сопруг вербално го нападнал додека правел сторија за неговата улога во институцијата што ја води жена му.



Салиу тврди дека Томче кој е сопруг на директорката на ПИОМ Билјана Јовановска, откако добил отказ во 2011, ги користи неговите пет минути за одмазда, откако неговата сопруга била назначена за директор на оваа институција.

Салиу тврди дека директор во сенка на Институцијата е сопругот кој вели дека секој ден доаѓал на работа во ПИОМ затоа што ја сакал сопругата.

“За тоа кој реално е директор на ПИОМ зборува и неговото однесување…”, пишува Салиу во најавата на видеото снимено во ПИОМ.

“Според тврдењата на вработените, го возат во службени возила, им наредува на вработените, а еве како реагираше кога го потсетив дека сопругата е директорка на ЈАВНА ИНСТИТУЦИЈА…
Најспорно е тоа што он сам си признава дека он решава проблеми на странки… Во кое својство и каков”, прашува Салиу.