“Собранието на Желино едногласно одлучи актуелниот градоначалник Блерим Сејдиу да се кандидира за уште еден мандат”, информираа при крајот на август од Движењето Беса не знаејќи дека неговата кандидатура и судир со ДУИ ќе доведе до пад на владата и ново парламентарно мнозинство.

Највисокото раководство на Движењето БЕСА, претседателот Билал Касами, секретарите на партијата, Арјанит Хоџа и Аднан Азизи, како и други членови на Централното претседателство кои го предложиле Сејдиу навредени од обидот на ДУИ преку ДИК да го повтори гласањето во некои избирачки места и да му одземе гласови за победа решија да ја напуштат владата и да формираат ново парламентарно мнозинство.
Кој е Блерим Сејдиу?
Блерим Сејдиу е роден на 4 септември 1985, во Тетово. По завршувањето на основното образование во основното училиште “Пашко Васа” во Групчин, го продолжил натамошното образование во гимназијата “Кирил Пејчиновиќ” во Тетово.
Своето високо образование го стекнал на Правниот Факултет во Универзитет на Југоисочна Европа, во Тетово.
Посдипломските студии ги завршил на Универзитетот ФОН во Скопје, при што се стекнал со научната титула магистер во областа на правните науки.
Блерим Сејдиу работел како правник а бил секретар на фудбалскиот клуб Шкендија во најуспешниот период на клубот, 2008/2011, а од 2010 до 2016 година бил и шеф на правниот отдел во Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје.
На локалните избори во октомври 2017 година, го доби градоначалничкиот мандат во Општина Желино.
Блерим Сејдиу е оженет и татко на две деца.





