Во црква на МПЦ-ОА во Битола се одржала панихида за човекот што тврдеше дека Македонците се Бугари.
Од видеото што излезе во јавноста се гледа како свештеник на МПЦ-ОА служи панихида за Ванчо Михајлов.
Само во Северџанистан може да се регистрира здружение на најголемиот антимакедонист и џелат Ванчо Михајлов, дури и слободно по црквите си прават и панихиди за него,следно е да си регистрираат и здружение на фашистот Цар Борис III,познат како истребителот на Евреите во Македонија! pic.twitter.com/eg7S5nHIle
— Spiritual Pulsar (@MkSemperFidelis) April 5, 2021
Освен што работел за бугарската кауза Михајлов во втората светска војна е соработник на нацистичките служби на Хитлер по чиј налог во 1944 година доаѓа во Скопје да прави фашистичка творба по урнек на хрватската НДХ но нема поддршка од Македонските лидери кои сакаат самостојна држава а не фашистичка и бугарска вазалска творба.
Според догмите на црквата секој верник има право да добие Панихида но дали МПЦ – ОА има обврска тоа да го прави и за човекот кој по налог на бугарската влада наредил убиства на стотици активисти на историската ВМРО и политичарот што сакал Македонија да ја направи фашистичка творба е дилема за која треба да се изјасни и Светиот синод на МПЦ-ОА.
Последното видео на Михајлов






