Пусто и празно како никогаш до сега. Вака во 21 век изгледа Железничка станица во Скопје. Чекалните и ходниците се празни, возови нема, условоите лоши, објави Алфа во последната репортажа. Единстевните кои беа на Железничката беа вработената на шалтерот, еден залутан патник, и полицијата која нѐ пречека. А горе, на пероните, сликата тажна. Иако ликот на една држава е железничкиот сообраќај, тој во Македонија како да е заборавен во минатото. Вон функција се платформите, чекалната, ескалаторот, тоалетите.

Ако некогаш овде имло река од патници, сега сликата е многу тажна. Оваа табла со патоказ ќе ве пречека на самиот влез, но иако убаво напишано и означено со стрелки, ништо од ова не функционира. Ходниците кои се студени и делумно осветлени како ги изело времето, а плафоните само што не паднале. Сега, работат само еден, до два шалтера од билетарата, на која пред години и години, се чекаше ред и по половина час за да се купи билет. Граѓаните велат, сакаат да патуваат со воз, но за жал тоа сега го нема. Но и кога го имаше, велат, се плашат да не останат дефект по пат.

Сега, работат само еден, до два шалтера од билетарата, на која пред години и години, се чекаше ред и по половина час за да се купи билет. Граѓаните велат, сакаат да патуваат со воз, но за жал тоа сега го нема. Но и кога го имаше, велат, се плашат да не останат дефект по пат. И тој еден патнички воз кој сообраќа од Скопје за Битола и обратно, изминативе денови воопшто не превезувал патници.

И додека Македонската Железничка станица тоне од ден во ден, Белград добива модерна железничка станица. Завршувањето на изградбата на зградата на „Прокоп“ ќе претставува круна на модернизацијата на српската железница. Ќе можат да се паркираат околу 1.000 коли. За реализација на проектот беа вложени повеќе од 20 милиони евра.
Кај нас последна инвестија во желзничката инфраструктура енаправена во 2016тата година како беа а донесени шест нови патнички возови што набавени од кинеската компанија „ЦРРЦ“.
До сега, во Македонски Железници Транспорт се сменија многу директори, но ниту еден од нив не успеа да го реши долгогодишниот проблем. Дупките постојано се крпат со буџетски пари. За Железничката колку-толку да функционира, годишно се префрлаат од 12 до 15 милиони евра, пари кои заминуваат во ветер.





