Кој директор го дал возилото во кое беше фатена дрога во Црна Гора

Возилото на МВР во кое беше фатена голема количина дрога при влез во Црна Гора на полицијата го дал директорот на Агенцијата за одземен имот Фатон Асани.



Во 2018 година Асани кој во 2017 е поставен за директор на Агенцијата која располага со огромен број одземени возила без соодветно да биде проверено потпишал налог за трансфер на возилото на МВР.

Доколку се потврдат изјавите на министерот Спасовски дека дрогата најдена во возилото на МВР во Црна Гора, директорот Асани меѓу другото ќе треба да даде одговори зошто соодветно не го проверил возилото Крајслер Војаџер со огромна количина дрога.

Посебно прашање на кое Асани ќе треба да даде одговор е и дали други возила со дрога се дадени на МВР и на други институции.

Асани е човек близок на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и на премиерот Заев.

Асани станал станува директор во Македонија откако предходно долго живеел во Италија а во Македонија на нејасен начин се стекнал со универзитетска диплома на еден од приватните универзитети за што веќе се води истрага од една меѓународна мисија.