Кој барал распнување на „гнасно вмровчиште“ кога СДСМ дошол на власт

Актерот и ексдиректор на Драмскиот театар во Скопје, Роберт Вељановски, го пренесува ставот на неговиот наследник Сашо Тасевски, кој открива дека новинарот и екссоветник во Владата, Петрит Сарачини, барал јавно распнување на Вељановски за криминал што не се случил.



„Стани Петрит Сарачини (@amon_mra), Сашо Тасевски сношти на ТВ соопшти дека третиот ден по мојата смена од директор на НУ Драмски театар Скопје, во својство на кабинетски службеник на министерот за култура, како најгнасно вмровчиште, си барал да бидам јавно распнат за криминал кој не постои!!!“, пипува Вељановски.

Сарачини беше дел од Шарената револуција и човек од доверба на советникот за пропаганда на Заев, Марјан Забрчанец а по доаѓањето на власт на СДСМ стана советник во Министерството за култура.

Сега работи во еден од најрадикалните медиуми – бранители на власта.