Се што треба да знаете за тревникот на плоштад, кој беше посаден од анонимни граѓани, е дека тие анонимни граѓани, анонимно потрошиле 33 милиони денари или по 110 евра за м2 трева.
Околу изјавите на анонимните граѓани и градоначалникот на Скопје може да заклучиме дека Супермен е Кларк Кент, Бетмен е Брус Вејн, а Саша Богдановиќ е анонимус за Петре Шилегов, пишува на Фејсбук портпаролот на ГРОМ и советник во град Скопје, Александар Трајановски.




