Коинциденција или корупција се двете сценарија во кои 47 пратеници на власта го бранат законот со кој Македонија ќе загуби од 49,5 милиони до фантастични 2 милијарди евра.

Оваа фотографија е од вчерашното гласање во Собранието каде 47 пратеници се изјасниле да не се тргне Митилинеос како точка на дневен ред.
Ова беше предложено од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп Петар Ристески кој сомневајќи се во корупција со која ќе биде направена огромна штета на Македонија побара законот за грчката компанија да биде тргнат од расправа.
По анализата на договорот огромен број на експерти, дури и извори во владата и Регулаторната комисија за енергетика се сомневаат дека државната помош во висина од 49, 5 милиони евра за грчката компанија нема да заврши кај менаџерите на Митилинеос, туку се пари со кои треба да се купат тие што овозможуваат Грците да направат профит од најмалку 1,2 милијарди евра за 30 години.
Малку на шега малку на вистина дел од упатените експерти бараат да се направи проста математика за парите од државната помош и народните избраници од СДСМ и ДУИ кои гласаат за овој закон во собранието.
Анализата вели дека повеќето од нив нема да бидат пак пратеници и со овие средства, доколку се работи за корупција, можеби ќе им се исплати лојалноста за гласањето на овој закон.
Друга причина зошто некој би гласал за штетен закон кој Македонија ќе ја чини до 2 милијарди евра засега експертите не можат да видат.
Износот на државна помош од 49,5 милиони евра коинцидентно се поклопуваат со еден предлагач на законот и 47 пратеници кои гласале точката да не се тргне од дневен ред.
Истите пратеници се очекува да гласат и за финално носење на законот.
Ако 49,5 милиони државна помош кои треба Македонија да ги даде како државна помош се поделат на 50 луѓе кои се директно инволвирани во предлагањето и носењето на законот тоа значи дека за секој од нив би имало по еден милион евра ако се работи за корупција.
Говорот на пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ кој побара скандалозниот закон да се тргне од дневен ред.
Г. М.






