Актерот Сашо Тасевски е уверен дека ВМРО-ДПМНЕ ќе однесе убедлива победа на парламентарните избори в година, па на лидерот Христијан Мицкоски му одреди три приоритети, „најважни за Македонците“, кога ќе формира влада.
„Можеме со весела математика до сабајле.
Но, ВМРО ДПМНЕ пак ќе дојде на власт во 2024.
И тоа со огромна победа над тачињава.
Левица може да смета на 4 до 6 пратеника.
Без разлика што се крева фама ќе зеле 8, 10, 15 пратеника.
Тоа нема да се случи.
Но и 6 ако земат, ќе бидат на коњ.
Тоа е мое мислење. Не навивам за никого. Освен што имам оправдана желба Таче со бугарашите да заминат шо побрзо од власта.
Друго ми е зборот.
Се надевам ВМРО-ДПМНЕ ја научија лекцијата.
Сакам да ја научиле.
И многу е важно Мицкоски да достои на зборот: да го исфрли ДУИ од игра!
Важно е за сите нас. Најважно за Македонците.
Оти ако пак коалицира со нив, ќе станеме Палестинци на сопственото тло.
Второ, ВМРО-ДПМНЕ штом формира влада мора веднаш да ги прекине сите преговори со Бугарите за нашиот идентитет. Сите. И јасно да им го покаже местото на сите бугарски агентури кои со години роварат по државава на штета на Македонците.
Мора да го вратат достоинството на Македонците пред светот кое Заев, Ковачевски и нивните го бербатеа.
Велат готово било со промената на името.
Јас велам хартија трпи сè.
Со хартија и газот си го бришеме.
Остајте дипломатии, сме дале збор, сме потпишале…
На кого сме дале збор? Со кого сме потпишале?
Со поголеми курви од квислинзите кои го сменија? Сме дале збор на лицемери, садисти и лопови? А бе ајде…
Ова е уште една порака до Мицкоски и ВМРО.
Мора да бидете одлучни по овие прашања, ако сакате да го почнете владеењето со ветер во грб.
Паралелно, олеснете му го животот на народов максимално. Направете сè да го врати своето достоинство преку стандардот. Дајте му да живее малку.
Ако сакате да пловите со камен околу вратот или, ко шо викаше будалана со фрлено сидро, терајте ко бугарашиве на Таче. Во тој случај немојте ни да доаѓате на власт. Оти ќе се удавите побрзо отколку што сте планирале.
Ова мора да го расчистите прво пред себе.
Не набожемски. Стварно. Кажувам само што би требало да направите како најголема опозициска партија која ќе се врати на власт, другото е ваше. Само треба да знаете, на овој народ му е доста од понижувања и лош живот“, му се обрати Тасевски на Мицкоски преку Фејсбук.






