Во интервјуто кое за ПРЕС24 го даваат двајца членови на работната група за реформи на образованието односно за концепцијата на министерката Царовска се открива дека во процесот се консултирани и историчари чиј идентитет е таен.
На прашањето на Прес24: Има ли вклучено историчари во Комисијата која работи на оваа реформа членовите на работната група професорите Кирил Барбареев и Виолета Петровска Бешка го даваат следниот одговор:
“Работната група за изработката на Концепцијата ја сочинуваат претставници од Бирото за развој на образованието како креатори на образовни политики, универзитетски професори по педагогија и психологија од педагошки и наставнички факултети од повеќето државни универзитети и наставници-практичари. Таквиот состав не е случаен – нивната експертиза е клучна за подготовка на документ од ваков вид, во кој се преточени образовните политики на државата. Сепак, за истражување на можноста за интеграција на природните дисциплини и општествено-хуманистичките дисциплини, беа формирани консултативни групи составени од советници од Бирото за развој на образованието и, секако историчари од академската заедница и од наставната пракса, па понуденото решение е продукт на заеднички изградените ставови”.
Двајцата професори не откриваат кои се историчарите од академската заедница и наставната пракса.
Ваквата тајност на консултираните историчари можеби може да се разјасни доколку се анализира листата на членови на Институтот за национална историја ИНИ кои денеска се потпишаа на писмо до Царовска од која бараат да го запре укинувањето на предметот историја затоа што меѓу другите причини воопшто не биле консултирани.
Меѓу потпишаните на овој документ нема неколку врвни имиња на историчари меѓу кои се и тројца членови на Комисијата за историски и образовни прашања со Република Бугарија од кој е еден е претседател и истовремено и шеф на ИНИ.
Освен нив на документот нема потписи и од двајца историчари од ИНИ кои што вршат високи политички функции во редовите на СДСМ.
На потег е министерката Царовска и телото за реформи да ги открие историчарите кои што се согласуваат на укинување на предметот историја.
Целото интервју на Прес24
Најчитано
Да признаат скандал веројатно се плашат, да демантираат не можат и затоа засега молчат
Молк од Заев, Филипче, Османи, Димитров за обвинувањата дека не платиле навреме за вакцините
Граѓанин на полицаец: Сѐ разбирам ама не сакам да зборам македонски (ВИДЕО)






