Телевизија Телма ги објави имињата на предложените министри на СДСМ во новата влада чии имиња треба да бидат потврдени вечерва на Централниот одбор на партијата.
Оливер Спасовски од технички премиер се враќа на чело на МВР.
Никола Димитров ќе го води Секретаријатот за европски прашања.
Бојан Маричиќ министер за правда.
Јагода Шахпаска, министерка на труд и социјална политика.
Благој Бочварски ќе раководи со транспорт и врски.
Ирена Стефовска министер за култура.
Мила Царовска ќе биде министерка за образование.
Радмила Шеќеринска ќе го задржи ресорот одбрана.
Венко Филипче останува министер за здравство.
Горан Милевски го задржува министерството за локална самоуправа.
Фатмир Битиќи ќе биде новиот вицепремиер за економија.





