Илјадници клетви на социјалните мрежи се упатени кон луѓето кои денеска во собранието изгласаа согласност за Францускиот предлог во кој се содржани бугарските барања кои се насочени против македонскиот национален и јазичен идентитет.
Во македонската политика и предходно се случувал феноменот во кој незадоволни граѓани да колнат но ова е прв пат клетвите кон одредена политика групација да добие толкава масовност.
На листата на луѓето кои групно и индивидуално добиваат клетви од своите граѓани се сите пратеници на СДСМ кои гласаа за.
Вкупно за францускиот предлог гласале вкупно 67 пратеници.
Кој се другите пратеници од владејачкото мнозинство и другите партии и етнички заедници кои покрај СДСМ гласале за:
✅ 26 пратеници Албанци од ДУИ, Алијанса, Алтернатива и БЕСА Гласале ЗА
✅ 1 Ромка гласала ЗА
✅ 1 Турчин гласал ЗА
✅ 1 Србин гласал ЗА
✅ 2 Бошњаци гласале ЗА
Од немакедонците за францускиот предлог гласал и еден Влав како што во Собранието е пријавен пратеникот на Љубчо Георгиевски од ВМРО Народна партија, Љупчо Балковски.

На списокот за гласање воопшто ги нема:
1. Али Ахмети – ДУИ
2. Изет Меџити – ДУИ
3. Мендух Тачи – ДПА
4. Басри Бајрами – Беса
5. Фадиљ Зејнели – Беса
За францускиот предлог гласале двајцата пратеници на ЛДП:
1. Моника Зајкова која се смета за политичарка блиска на премиерот Ковачевски
2. Боби Мојсоски

За францускиот предлог од владината коалиција не гласале пратеничката на ДОМ
Маја Морачанин како и пратеникот на Демократскиот Сојуз
Павле Трајанов
За не гласал ниту пратеникот на Партијата за движење на Турците, Енес Ибрахим
За францускиот предлог не гласал и лидерот и пратеникот на Алијанса за Албанците Зиадин Села кој не гласал воопшто.
Целосниот извештај на собранието на линкот





