Генерален директор и претседател на Управен одбор и членови на управен одбор на Македонска Пошта се членови на две политички партии ДУИ и СДСМ.
Кој точно донесол одлука за издавање на поштенската марка со Независна Држава Хрватска засега од компанијата не откриваат но за ваков гаф мора да понесат одговорност сите кои носат и гласаат одлуки.
Најголема одговорност има генералниот директор Ејуп Рустеми од кого дури и од кругови во ДУИ се очекува да даде оставка уште во текот на денот.
Кој се луѓето што ја изгласале марката со која се повампирува фашистичката НДХ и се навредуваат Србија, Црна Гора и БИХ чии сегашни територии се на марката за поштенски услуги.
ЛИНК ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА МЕНАЏМЕНТОТ
https://posta.com.mk/%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%81/
Според веб сајтот на компанијата мисијата на Македонска пошта е квалитетно и ефикасно да ги задоволи потребите на корисниците со постојните и нови поштенски, поштенско-финансиски и други услуги, по фер и разумни цени за сите корисници, водејќи притоа сметка за стабилноста на компанијата и мотивираноста на своите вработени.
Визијата на Македонска пошта е да биде високопрофесионална, кориснички ориентирана, конкурентна, профитабилна, препознатлива и почитувана компанија со посветени и мотивирани вработени, одговорна кон корисниците и општеството, пишува на нивниот сајт.
За марката што го шокираше светот
„Македонска пошта“ издаде марка за фашистичката НДХ, ги навреди Србија, БиХ и Црна Гора






