Извршниот одбор на НСДП на чело со претседателот на партијата Горан Мисовски ги прифаќа бугарските шовинистички барања Софија да ја контролира македонската наука, култура, историја додека се преговара со ЕУ.
Кои се другите луѓе кои што ги прифаќаат бугарските барања додека најголем дел од народот е против:

1.Горан Мисовски – претседател
2.м-р Мики Милковски – генерален секретар
3.Соња Мираковска – потпретседателка
4.Зоран Маневски – потпретседател
5.Јулијана Цековска – потпретседателка
6.Драги Крстев – потпретседател
7.др. Венцо Вуинов – Организационен секретар
8.Марјан Дамјановски – Секретар за меѓународна соработка
9.Марија Бошковска Јанковски
10.др. Тамара Баара
11.Емил Николовски
12.Мелани Атанасовска
13.Благојче Јаќимовиќ
14.Оливер Досевски
15.Бобан Спиров
16.Владимир Клинчаров
17.Зоран Георгиев
18.Борче Петковски
19.Петар Гроздановски
20. Панче Филиповски
21.Тони Ефремовски
22.Фросина Стевановиќ
23.Емилија Стојановска
Официјално соопштение на НСДП:
Имајќи го во предвид политичкиот моментум во кој се наоѓа Република Македонија, исправена пред стратешки предизвици од кои зависи иднината и правецот во кој ќе се движи државата, Извршниот одбор на НСДП, ставајќи го државниот интерес во преден план, одлучи да го прифати компромисниот „Предлог на Француското претседателство“ за решавање на спорот со Република Бугарија и отпочнување на преговорите со Европската Унија.
Овој компромисен предлог е во рамките на Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија од август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции од јули 2021 година.
Со овој предлог македонскиот јазик како најбитен идентитетски белег станува рамноправен јазик во Европската Унија и целокупната правна документација на Европската Унија ќе биде преведена на кодифицираниот македонски јазик и македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на Европската Унија.
НСДП при градењето на ставот особено го почитуваше ставот на научната и стручна јавност, како на Советот за македонски јазик (СМЈ), кој го донел следниот заклучок: “Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија.“.
Утврдувањето на конечниот став по финалниот „Француски предлог“ за решавање на спорот со Република Бугарија, НСДП студиозно и аналитично го разгледа и донесе одлука во интерес на иднината, во интерес на демократскиот и економски развој на државата, во интерес на меѓународното етаблирање и геостратешко позиционирање на државата.
Затоа повторно ги повикуваме на државничко однсување сите политички и општествени чинители кои треба да се изјаснат по овој предлог.
НСДП бара Владата на Република Македонија храбро да истапи и да го прифати „Предлогот на Француското претседателство со Европската Унија“ и истиот да го достави на разгледување во Собранието на Република Северна Македонија заради негово потврдување и донесување на обврзувачки заклучоци за неговата имплементација која мора да биде во рамките на Резолуцијата донесена во јули 2021 година.





