Од почетокот на руската агресија, Украина доби милијарди евра помош од своите сојузници во форма на финансиска, хуманитарна и воена помош.



Податоците од Килскиот институт за светска економија (IfW Kiel) покажуваат дека Украина од 24 јануари до 20 ноември 2022 година добила помош во вредност од 108,1 милијарди евра.

Најголем дел спаѓа во категоријата финансиска помош – 53,38, потоа воена – 37,8 милијарди и хуманитарна помош – 16,7 милијарди евра.

Соединетите Американски Држави беа најголемиот финансиер на украинскиот отпор со вкупно 47,8 милијарди евра, од кои 22,8 милијарди се однесуваат на воена помош.

Европската унија (Комисијата и Советот) на второ место со речиси 30 милијарди евра, од кои огромно мнозинство (28,3 милијарди евра) е финансиска поддршка, но не пружила помош во воена опрема.