Процедурата за уставни измени во Собранието почна со големи проблеми за СДСМ откако двајца пратеници од пратеничката група на оваа партија не гласаа за дневниот ред на седницата за уставните измени.
Од вкупно 119 пратеници 47 гласале против дневниот ред а 70 гласале за.
Меѓу пратениците на СДСМ двајца не гласале за.
Едниот е Илија Николовски (роден на 6 јули 1948 година во село Панчарево, Беровско) — македонски генерал-мајор на АРМ, во пензија. Николовски е претседател на парламентарната Партија на обединети пензионери и граѓани на РМ која е во коалиција со СДСМ.

Тој бил присутен во салата но не гласал за предлогот за дневен ред на кој се уставните измени.
Вториот пратеник на СДСМ воопшто не се појави во салата иако од рамо утринава врвот на СДСМ го бараше ,,под дрво и под камен”.

Собранието доцни еден час, СДСМ панично бара и убедува свој пратеник





