Кои се бре вие, да препродавате историја, свети мошти и национални архетипови?

Кои сте бре вие, довчерашни препродавачи на пипер и лук, и како дојдовте до тоа на Кванташки во Брисел и Вашингтон да препродавате историја, свети мошти и национални архетипови, па поднесувате амандмани за геополитика, ботоксирање на историјата и за еколошки чисти историски буништа, кои од вас ги бара пречистата блудница Европа

Кои сте бре вие и од која дупка излеговте? Вие, неписмените а возгордеани (колку понеписмен, толку повеќе се цени!) способни само за дрпни-лапни, без разлика дали се колнете во чесниот крст или во чесната полумесечина? Тешко им на писмените меѓу вас! Кои сте бре вие, за кои Македонија е само добро платена хонорарна работичка, part time job што треба да ја одработите за вашите партиски и глобалистички газди, а ги запоседнавте собранијата, заседанијата, форумите и агорите, фондовите, фондациите за култура, министерствата, владите, трибините, плоштадите, па гракате во еден ист хор со враните што го најавуваат светското царство на постхуманитетот?



Кои сте бре вие, довчерашни препродавачи на пипер и лук, и како дојдовте до тоа на Кванташки во Брисел и Вашингтон да препродавате историја, свети мошти и национални архетипови, па поднесувате амандмани за геополитика, ботоксирање на историјата и за еколошки чисти историски буништа, кои од вас ги бара пречистата блудница Европа, на која матката ѝ е истенчена од историски киретажи и абортуси на цели народи?

(…)

Ах, што не е жив Гане, да ви каже кои сте, од А до Ш (па обвинете му ја поезијата за говор на омраза): арамии, абдали, акмаци, болигазовци, бесрамници, бесчесници, витосници, вопери, влекачи, гниди, гадурии, грабачи, давајгазовци, драпајколчишта, дибеци, ѓурултаџии, ѓонобрази, ѓозбојаџии, евнуси, евтинџии, есапчии, жонглери, жганови, живодери, замети-зачисти-забриши, испичутури, изроди, измелезени, јавашлии, јагмаџии, јаничари, килави, курташаци, ќесеџии, незадоени, наакани, неранимајковци, острастени, ороспикефлии, отчовечени, паликуќи, простаци, подлизурковци (прдежи со претензии за громови), растурикуќи, разумогубители, распојасани, сеирџии, сезнајковци, сенештари, токмаци, тепајкамајковци и тепајтатковци, ќарлии, ќелеши и ќелепури, ујдурмаџии, утки, учкур-костумлии, фејсбук-фанариоти, фалшиви, фалсификатори, хохштаплери, хајкачи, хулници, цензори, цепеници, цепидржави, чауши, чатпатлии, чедоубијци, шалабајзери, шарлатани, шутраци!

Целата колумна на Венко Андоновски можете да ја прочитате на следниот ЛИНК.