Државниот завод за статистика соопшти дека просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во август 2022 година, изнесува 31.871 денари.
Според податоци на ДЗС, највисоката просечна нето-плата во овој период е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 83.556 денари, следи Воздухопловен транспорт – 51.919 денари, па Останати стручни, научни и технички дејности – 51.825 денари, Производство на основни фармацевски производи и препарати – 50.489 денари и Финансиско-услужни дејности, освен
осигурување и пензиски фондови – 48.311 денари.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во август 2022 година пак, изнесува 47.691 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоци на ДЗС, најголемата просечна бруто-плата за овој период е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 126.879 денари.






