На врвот на листата кои земаат најмногу пари се вработените во секторот Компјутерско програмирање. Вработените во оваа бранша во текот на месец февруари земале и над 90 илјади денари надомест за нивните месечни работни задачи.

Еве ја листата на највисоки исплатени нето плати во Македонија во првиот месец од годинава:
- – Во сектор „компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности“ просечна нето плата исплатена во февруари изнесувала 91.730 денари.
- – Втори на листата со највоска плата се вработените во сектор „останати стручни, научни и технички дејности“ кои примиле 66.969 денари плата во текот на месец февруари.
- – По нив следуваат вработените во сектор „Воздухопловен транспорт“ каде просечната месечна нето плата во февруари достигнувала 63.734 денари.
- – Четври на листата меѓу работници со највисоки топ пет плати во земјава се вработени во секторот „Телекомуникации“, кои во текот на февруари имале просечна исплатена нето плата од 54.676 денари.
- – Последни на листата со највисоки плати во земајва се вработените во сектор „Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати“ каде просечната нето плата во јануари била 54.337 денари.

Благи промени на листата најплатени работници има во споредба со претходниот месец, но компјутерџиите повторно остануваат на врвот.





