Кои компании од нафтениот бизнис ја краделе државата и затајувале данок?!

Три познати бензиски пумпи се под истрага на Управата за јавни приходи дека затајувале данок. Станува збор за мрежа на компании од нафтениот бизни кои се обиделе да го изиграат законот и да не си ги подмират обврските кон државата, објави ТВ24. Директорката на УЈП Сања Лукаревска вели дека нивните инспектори се соочувале со опструкции од раководните лица на компаниите каде се врши истрага за затајување на данок. Деталите за целиот случај Лукаревска најави дека ќе ги соопшти по божиќните празници.



  • Денеска до полноќ треба да завршиме со попис во една бензиска пумпа. Таму оди малку потешко со соработката со даночниот обврзник. И од Регионална дирекција Штип, целиот капацитет на вработени лица ќе биде вклучен во спроведувањето на пописот. Станува збор за една посебна мрежа. Меѓутоа станува збор и за три познати бензиски пумпи, добро познати на јавноста од различни региони во државаа, за што по завршување на пописот и по завршување на празниците ќе дадеме соодветно известување до вас медиумите“, вели Лукаревска.

На почетокот на декември лани Лукаревска во интервју за ТВ24 откри дека УЈП работи на една специфична цитуација, односно под истрага е ланец на компании кои се обиделе да го изиграат системот. И тогаш Лукаревска потенцијаше дека ќе ја извести јавноста со сите факти и аргументи, како и записници од инспекциските контроли се со цел истражните органи да продолжат со постапката. Според информациите компаниите имале обид да избегнат плаќање на данок преку фиктивно прикажување во сметководството.