Кои ќе бидат новите антикорупционери?

Судијка, четворица ревизори и двајца вработени во Антикорупциската комисија се кандидатите кои го поминаа филтерот на собраниската Комисија за селекција и се утврдени како предлог за нов состав на Државната комисија за спречува



Ссиноќа пред полноќ беше објавена ранг-листата „избраните“, по три дена интервјуирање и четири дена бодување.

На ранг листата која ја објави Собранието, највисок просек (76 од максимални 100) има Татјана Димитровска, која е вработена во Државниот завод за ревизија и која е предложена да биде следниот претседател на ДКСК.

За членови на идниот состав на ДКСК се утврдени и судијката во Основниот суд Софија Спасова Медарска (75,86 поени), двајца досегашни советници во ДКСК, Билјана Каракашова Шулев (74,28) и Бесник Џемаиљи (74,14), ревизорите Зоран Богоевски (73,57) и Цвета Ристовска (70,57) и Сервет Демири (67,28) кој доаѓа од Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош на ЕУ.

За членови на антикорупциската комисија беа пријавени 41 кандидат.

Ова е втор пат како членовите на ДКСК се бираат преку транспарентен процес на јавни интервјуа кои се емитуваат на Собранискиот канал и бодување на кандидатите.

Мандатот на актуелниот состав на Антикорупциската комисија на чие чело беше Биљана Ивановска е до февруари 2024 година, кога ќе почне со работа новиот состав.