Кои институции „лапнаа“ најмногу пари од тендери во 2023 година?!

Градба на нови градинки, амбуланти, складишта и објекти за сместување со три слободни економски зони. Ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола, надзор за градба за градба на коридорите 8 и 10, право за користење лиценциран софтвер се тендерите од кои секој вреди од 25 до 29 милиони евра, анализира Фактор. Државни фирми, агенции, миистерства и инстиуции секогаш се генератори на големите економски импулси кои како капка вода во суша ги чека македонската приватна иницијатива. Како помина 2023 година?



Ова е анализата на 30 најголеми тендери во претходната година, а сите детали се достапни на следниот линк:

https://time.mk/javni/?start_datum=01/01/2023&end_datum=31/12/2023&page=1

Најголем меѓу најголемите лани е Јавното претпријатие за државни патишта. И очекувано е да е така. Со оглед на тоа што започна контроверзниот проект кој ги демолираше Уставот и сите други закони, а се вика автопати на коридорите 8 и 10. За надзор ЈПДП ќе плати 26,4 милиони евра на овие два коридори. Другите пет тендери (помеѓу најголемите 30 јавни набавки лани) на ова претпријатие се: изградбата на тетовската обиколница, рехабилитација на патот Охрид – Свети Наум, комплетирање на автопатот ГП Блаце – Скопје што во јавноста е синоним за бавна работа која трае подолго од три години за 10 километри, поправка и рехабилитација на државни патишта и набавка на електрична енергија за осветлување на клучките на патиштата.

Очекувано втор според вредноста на набавки е енергетскиот холдинг ЕВН Македонија. Меѓу 30 најголеми тендери шест се на ЕВН, а нивната вредност е 48 милиони евра. Меѓу тие шест тендери најголем е тој за физичко и техничко обезбедување на постројките на ЕВН (трафостаници) вреден 10 милиони евра.

Следна на листата е најголемата енергетска компанија – државниот производител на струја ЕСМ. Меѓу најголемите има 3 тендери во вредност од 41 милиони евра. Трите се поврзани со РЕК Битола. Најголемиот меѓу нив е за ископ на јаловина и е вреден 25 милиони евра.

Следна на листата е Дирекцијата за технички и развојни зони. Тие имаат голем градежна офанзива во три зони и за градба на нови објекти за сместување, амбуланти, детски градинки и складишта со паркинзи во Скопје, Штип и Прилеп ќе платат 29 милиони евра. Тоа воедно е и најголемиот поединечен тендер во 2023 година. Имаат уште една набавка од 5,7 милиони евра која е за нивелирање на парцели во ТИРЗ Штип.

Министерството за здравство учествува со три набавки во најголемите 30 тендери меѓу нив најголем е тендерот за набавка на инсулин и глукагон вреден над 16 милиони евра.

Владата преку Генералниот секретаријат има еден, но вреден, тендер меѓу 30 најголеми. Софтверските лиценци ќе чинат 24,7 милиони евра.

И седми на листата е МВР. И во оваа конкуренција се пласира благодарение на две набавки за исхрана на питомци и полицајци. Двата тендери се во вредност од 12,4 милиони евра.