Тројца полицајци и командир од полициската станица во Охрид се службениците на МВР кои по налог на кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го гонат адвокатот Тони Менкиноски за јавно поставување на знаме со ,,Сонцето од Кутлеш”.
Командирот Сашко Дончевски и полицајците Јетмир Алиу, Антонио Србиновски и Јосиф Јанкуловски се потпишани на полициското барање за прогон на Менкиноски кое е составено до судот во Охрид.

Ниту еден од полицајците и командирот денеска не се појави на денешното судење во судот во Охрид каде му се судеше на Менкиноски по што судот го одложи рочиштето за 4 Јули.
Според пријавата од полицајците Менкиноски на 19 јануари направил прекршување на законот затоа што истакнал знаме кое ,,не ги содржи обележјата утврдени со закон”.
Полицајците кои според извори во СВР Охрид го гонат Менкиноски по наредба на кабинетот на Оливер Спасовски во барањето за прогон на адвокатот го цитираат членот 18 од законот за прекршоци и прекршување на јавниот ред и мир без да наведат во што се состои прекршувањето и кој е оштетен од наводниот прекршок.
Иако прогонителите на Менкиноски имаат законска обврска да дојдат во судот и да го бранат своето барање за прогон ниту еден од нив или друг овластен претставник на МВР не се појави со судот што може да значи дека Спасовски и неговиот тим за прогон се повлекуваат или пак дека сакаат товарот на прогонот да го префрлат на судот кој треба да одлучува независно од барањето на МВР.
Менкиноски по денешното рочиште побара МВР да го почитува законот
Менкиноски бара МВР да не го крши законот и да се појави на суд (ВИДЕО)






