Дури 1.132.981 граѓанин од 1.495.807 или 75,75 отсто од вкупниот број граѓани гласаа на  референдумот за суверена и самостојна  Македонија што се одржа на 8 септември 1991 година.



На референдумското прашање позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,26 отсто од оние кои гласале или  72,16 отсто од вкупниот број на граѓани со право на глас, потсетува порталот „Академик“.