„Ние ќе настојуваме и натаму да бидеме реализатори на нашите национални платформи. Ние денес границите ги прегазивме и тие се отворени. Ние не бараме ништо повеќе од она што го направила Европа за себе. Бараме да се тргнат албанско-албанските граници, исто како што се отстранети во Алзас, Лорен. Затоа, албанско-албанските граници нека останат реликти (остатоци од минатото – заб.прев.), за кои сме платиле со крв.“ – порача лидерот на ДУИ Али Ахмети на церемонијата на неговото прогласување како „Почесен граѓанин“ на општина Тропоја, во Албанија.
Останува нејасно: Али Ахмети, како претседател на албанска партија, која дејствува во Република Македонија, кои „албанско-албански граници“ бара да се отстранат, како што тоа го „направила и Европа во Алсаз, Лорен“ и тие да бидат „остатоци од минатото“?! Дали мисли на „албанско-албанските граници“ меѓу Косово и Албанија, или можеби и меѓу други „албански територии“ во Балканот, но и кои?!
Видео со ова искажување на Али на Ахмети на јутуб-каналот на ТВ Клан Македонија:





