Еден од најголемите апологети на СДСМ и Заев екс новинарот Бранко Тричковски за своите клетви доби поддршка од 74 корисници на Фејсбук.
По објавата дека над 150 медиумски работници од ТВ Алфа повеќе од два месеци не добиле плата и дека телевизијата се соочува со криза Тричковски упати нечовечка клетва кон луѓето со порака: “Никогаш да не добиете ниту една плата”.
“Јас се надевам дека никогаш нема да добиете ниту еден скапан денар плата од кого било, од најдолниот човек во оваа дувло на злото, до директорот и главниот и одговорен скот. Дека и работа нема да најдете. Така треба да се случи и верувам дека косимчката, а и оваа нашава правда тука, ќе обезбедат порано или подицна, да се случи без плати и без работа да останат сите што работат по таканаречените македонски телевизии, всушност рентирани платформи на специјалната војна против Македонија од страната на вмровското зло и неговите домашни и надворешни партнери. Јас ќе ви ја напишам препораката за трајна невработеност. Штетата што и ја нанесоа на заедницата, на нацијата и на државата, на луѓето, е немерлива, тие се одговорни за културоцидот и за општата кретенизација на нацијата. Аут и да не сум ве чул да се јавите за збор. Садете компири, правете електрични автомобили подобри од Невера, јадете говна во приватна режија правете што сакате, кршете глава, само да ве нема во јавниот простор и дискурс. Марш”, напиша апологетот на Заев и СДСМ.
За својата нечовечка порака Тричковски доби поддршка од 74 луѓе кои ги поддржуваат неговите клетви.













