„Коха“: Има договор за влада, нејасно кога ќе стане Албанец премиер

Рамките за соработка на владата за следните четири години веќе се поставени, тврди весникот на албански јазик „Kоха“, кој дознава дека коалицијата СДСМ-БЕСА ќе го земе во Владата коалицискиот партнер ДУИ на Али Ахмети.



И Мендух Тачи со ДПА ќе биде дел од Владата.

Со ова, парламентарното мнозинство ќе има 62 пратеници.

Официјални лица од обете политички партии потврдуваат за „Kоха“ дека официјализирањето на коалицијата ќе се случи по 4 август, кога се очекува Заев, Ахмети и Билал Касами да ја официјализираат следната Влада на јавна средба.

„Kоха“ исто така дознава дека е постигнат договор за премиер: за СДСМ ќе бидат 3 години, со 1 година за ДУИ.

„Останува само време да разговараме за тоа која партија ќе го има премиерот во првата година“, велат високи функционери од обете страни за весникот „Коха“.