Кого поддржа Петков во Битола: Македонија создадена од Тито како Донбас од Путин

Бугарскиот премиер Петков вчера го отвори културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, денеска ги потврди сите антимакедонски позиции со отворени јавно тврдење дека Македонија е вештачка нација создадена од комунистите.



Луѓето зад клубот наречен по фашистичкиот соработник Иван Михајлов денеска излегоа со скандалознареакција на вчерашните протести во градот под Пелистер.

За нив државата Македонија е создадена од Тито на бугарска територија која е под окупација.

„Се разбира – и дека Бугарите биле фашисти !!! Но, тоа веќе болно го знаеме од судењата низ кои поминаа илјадници и илјадници македонски патриоти во последните децении под обвинение дека се фашисти затоа што не го криеја своето бугарско достоинство и омраза кон југословенскиот окупатор. И така вчера повторно ги видовме, истите полуживи соработници на југословенскиот режим. Целта на скандалот беше да се засени фактот дека стотици македонски Бугари дојдоа да ја видат бугарската делегација и особено официјално да го отворат клубот кој со гордост го носи името на легендарниот водач на вистинската историска ВМРО – ИВАН МИХАЈЛОВ, наследникот на Гоце, Даме и на Тодор Александров. Но, ништо не успеа да го исплаши мнозинството македонски патриоти, кои дојдоа да покажат дека и покрај манипулацијата со пописот, и покрај лажните податоци од него, ние сме многу. И ние не се плашиме“, се вели во соопштението на луѓето за центарот во чест на фашистичкиот соработник.

Од Ванчо Михајлов велат дека како што за рускиот претседател Владимир Путин „жртвите во Донбас се фашисти, така и во Македонија бугарскиот идентитет е прогласен за фашизам“.

„Несомнено, денес, како и Путин, кој жртвите на неговата криминална агресија ги прогласува за „фашисти“, и сè уште живите делови од југословенската сатрапија во нашата Македонија (сега „Северна“) го дефинираат како фашизам неизбежното враќање на бугарскиот идентитет во Битола, Охрид, Велес, Штип… во сета наша напатена Македонија. Оваа коинциденција не е ниту случајна ниту изненадувачка. Тие се браќа по оружје и браќа за криминал. Како што Путин ги создаде Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република во окупираниот Донбас, така и Тито ја создаде Македонската Народна Република во нашата окупирана татковина”, се вели во соопштението.