За три дена премиерот Заев дава два различни ставови за влијанието на извршната власт врз правосудството објавува ТВ21.
Координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците-Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејди вчера го праша премиерот Заев: Зошто не се објавуваат најавените „бомби“ и зошто не се обелоденува вистината? Премиерот одговори дека тоа не е негова работа, туку на обвинителствто и судството.
-Правосудниот систем е тој којшто ги носи и носи одлуките. Зошто таа година кога бевте со мене н напрвивте нешто? Бидејќи не е наша работа. Ниту тогаш ваша, ниту сега наша, ниту тогаш наша. Тоа е работа на јавното обвинителство и на суд-рече Заев, пренесува ТВ21.
Пред само два дена кога Сашо Мијалков се појави во Обвинителството премиерот изјави дека тој ја координирал акцијата.
-Институциите на Владата предводени од мене во координација со правосудните органи спроведовме акција со детални постапки. Беа превземени сите редовни и вонредни мерки. Со акцијата координирав јас, и можам да објавам дека Сашо Мијалков немаше друг избор освен да го стори она што беше незбежна опција-рече Заев.
Кога Заев бил во право од двата случаи не може да се разбере од неговите изјави.





