Кога „ВМРО-вец“ брани име не чини, за другите е О.К.

Иако вчера државниот секретар во МНР, Димовски кажа дека Наумовски ќе биде повикан и во соодветна постапка ќе биле утврдени сите факти за неговото однесување при посетата на министерката за одбрана Шекеринска на САД – денеска премиерот Заев наметна дека можеби проблемот се влече веќе неколку месеци, од изјавата на амбасадорот по последната рунда преговори во Њујорк. Тогаш Наумовски го оцени решението на Нимиц како недостоинствено.



Премиерот денеска кажа дека не се согласувал со избрзаните изјави на нашиот амбасадор во Вашингтон за проблемот со името – дивергентни и спротивни во изјавите не сме смееле да си дозволиме да бидеме. Сепак, не го искритикува националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски кој пред некој ден исто така ги критикуваше предлозите кои пристигнуваат од Грција,  Алфа ТВ.

Стево Пендаровски, националниот координатор за НАТО-интеграции, за весникот „Заман“ изјави: „Досега не видов достоинствен потег од Грција за решавање на спорот со името. Треба да се убеди народот дека јазикот и националната припадност не се предмет на разговорите. Досега има барања од Грција кои не можат да бидат исполнети“.

Нападите врз Наумовски за изјавата дадена во јануари се чудни затоа што во 2008 година по рунда преговори во Њујорк и сегашниот шеф на македонската дипломатија,  кој тогаш беше преговарач во спорот за името даде изјава која што можеби и е далеку поостра од таа на актуелниот амбасадор во Вашингтон.

Тогаш Би-Би-Си пренесе дека министерот Димитров изјавил дека, и покрај тоа што Македонија сака да влезе во НАТО, не може да ја исече гранката на која што седи и да си поигрува со својот нацонален идентитет.