Моден детал од облеката на Славјанка Петровска, заменичка-министерка за внатрешни работи во техничката влада, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Маичката со Штрумфета на заменичката од СДСМ на министерот Наќе Чулев ја фрли во втор план вчерашната акција на скопските градоначалници, кои заедно со Петровска им делеа освежителни пијалоци на припадниците на МВР низ скопските улици задолжени за спроведување на полицискиот час во главниот град.
Коментарите се движат од тоа дека Петровска со ликот од популарниот анимиран филм „Штрумфови“ внела малку ведрина за време на битката со коронавирусот до критиката дека со маичката ја направила несериозна, па и комична, инаку сосем хуманата намера да им се помогне на органите на редот на жешкиот скопски асфалт.




