Кога сдсмовците им скандираа на вмровците „Бугари, Бугари!“ (ВИДЕО)

Богдан Илиевски, алијас Бетмен Велит, објави видео на Фејсбук од протестот на советниците од СДСМ од јуни 2012 година за време на седницата на Советот на Град Скопје за преименување улици.



„Бугари, Бугари“ скандираа сдсмовците, додека вмровското мнозинство ја носеше одлуката.

„Ексјугоносталгичарите, денес бранители на ставовите на Денко, Пендаровски, Заев, Димитров и другите великобалгарски историци, пропагандисти на националистически фалшиви тези и уценители на оние кои само декларативно ги нарекуваат ‘браќа’.

Имате ли барем еден пршлен или сè е желатин?

П.С. Ова НЕ СЕ однесува на ниту еден здраворазумен член или поддржувач на СДСМ, какви има немалку и кои се срамат од ова што од партијата и државата го направија денешниве башибозучни балгаросеверџански анационални фанариоти“, коментира еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.